Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан денеска имаше операција на коленото. Повредата го мачеше подолго време, па иако на некои натпревари играше со болки, со цел побрзо да биде подготвен за вториот дел од сезоната мораше да се изврши хируршки зафат.
„Операцијата мина добро. Им благодарам на сите што се грижеа за мене и моето здравје. Следува пауза од два месеци. Се гледаме брзо“, вели Вуко Борозан.
Проблемите со коленото на Борозан траejа неколку месеци, а првично беше планирано оперативниот зафат да биде извршен откако ќе завршат натпреварите од Лигата на шампионите. Со цел да биде подготвен за важните дуели, Борозан не настапуваше на мечевите од СЕХА лигата.
Екипата на Вардар викендов треба да игра меч од Лигата на шампионите против Мешков Брест во Белорусија. На местото на Вуко Борозан за Брест отпатува Словенецот Грегор Оцвирк
Покрај мечот со Мешков за „црвено-црните” останува и домашниот меч во ЛШ против Кјелце на 1 декември, а плус уште неколку средби од СЕХА лигата. Тука се домашните средби со Извиѓач и Татран и гостувањата кај Металург, Железничар и Стеауа.