Лука Дончиќ и неговата екипа Далас се чекор подалеку од можноста да ја освојат шампионската титула во НБА лигата по третиот пораз во финалната серија.
Ноќеска Далас загуби на домашен терен од Бостон со 99:106 и сега Бостон има предност од 3-0, што станува невозможна мисија за кошаркарите на Далас за да дојдат до титѕлата. Никој во историјата на НБА лигата не успеал да се врати од негатива од 0-3, а тоа се случило 156-пати до сега.
Бостон се чини го реши натпреварот на почетокот од четвртиот период кога направи серија од 20:5 и дојде до убедлива предност од 91:70, но Далас не се откажа, па возврати со своја серија и да намали само на еден поен негатива.
Сепак во финишот кошаркарите на Бостон беа подобри и го искористија моментот на шестте лични грешки на Лука Дончиќ на 4 минути до крајот на мечот, па дојдоа до предност која на крајот им ја донесе оваа многу значајна победа.
Бостон можноста да ја освои титулата ќе ја има веќе во петок, кога повторно гостува кај Далас.