Кошаркарите на Бостон Селтикс успеаа да се вратат од „мртвите“ и да направат чудо, анулирајки ја негативата од 3:0 и да се изборат за мајсторка во источното финале против Мајами Хит.
Екипата на Мајами и по третиот натпревар во низа не успеа да ја искористи „меч топката“, па Бостон Селтикс со нов „брејк“ се врати откако славеше со 103:104.
Во неизвесен и возвудлив натпревар одигран во Мајами, гостите беа подобри и славеа и покрај тоа што Мајами имаше предност на три секунди до крајот водеше со 102-103. Дерек Вајт ја уфрли топката од страна, одговорноста ја презеде Смарт и шутна за три поени, но не успеа да погоди, сепак топката падна под кошот и на неа налета Вајт, кој во скок само ја поттурна во обрачот со 0,2 секунди до крајот. Судиите и никој во салата не беше сигурен дали Вајт ја исфрли топката навремено, па имаше видео проверка. Откако судиите утврдија дека шутот е регуларен, кошаркарите на Бостон Селтикс можеа да се израдуваат на победата.
Најдобар на теренот беше Џејсон Тејтум со 31 поен и 12 скока, додека за победата му помогна и Браун со 26 поени и десет скока. Кај Мајами, „дабл-дабл“ учинок имаа Батлер, Мартин и Адебајо.
Средбата која ќе го одреди финалистот се игра ноќта меѓу понеделник и вторник во 02:30 часот во Бостон.