Екипата на Филаделфија која беше елиминирана во плеј-офот во НБА лигата, се определи да му врачи отказ на американскиот кошаркарски стратег, Брет Браун, кој цели седум години беше на клупата.
Според наводите на „ЕСПН“, првите ѕвезди, Жоел Ембид и Бен Симонс ќе останат и понатаму во тимот кој сега ќе има нов предводник од клупата.
Се шпекулира дека во преден план се наметнува Тајрон Лу, кој е дел од стручниот штаб на ЛА Клиперс. Во игра е Џеј Рајт кој работи во еден од колеџите во САД.