Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац денес го објави списокот на повикани ракометари за претстојниот собир на машката сениорска репрезентација за квалификациските натпревари против репрезентацијата на Исланд за ЕП 2020.
Македонија најнапред гостува кај Исланд на 10 април, а на 14 април го пречекува истиот тим во „Вип арената“ на СЦ „Борис Трајковски“.
Собирот на ракометари е закажан на ден 08.04.2019 (понеделник) со почеток во 13:30 часот во хотел Александар Палас во Скопје.