Македонија ќе чека шанса да оди на ракометниот Мундијал во Египет со „вајлд-карта“ која ЕХФ дополнително ќе им ја додели на четири земји. Нашиот селектор, Данило Брестовац, вели дека денешната одлука за стопирање на баражите не е спортска.
„Очекувавме дека ќе имаме два тешки меча со Франција. Не велам дека ќе ги победиме туку говорам чисто од спортски агол затоа што ќе беше бенефит да одигравме. Се надевам на таа „вајлд-карта“ за СП во Египет, реално и ја заслуживме“ – изјави Брестовац. Во тој правец размислува и генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.
„Нашата репрезентација со години е дел од светските и европските собири и верувам дека заслужуваме место во Египет. Ние дефинитивно ќе аплицираме за една од вајлд-картите“– изјави Милошевски.