Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, одбра 22 играчи кои ќе бидат дел од подготвките за претстојните квалификациски мечеви со Турција и со Грција за пласман на Европското првенство во 2020 година Од поширокиот список отпаднаа: Мартин Поповски, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ, Гоце Ојлески и Дарко Димитриевски. Дебитант во сениорскиот состав е кадетскиот репрезентативец, десното крило Ненад Костески.
За последните два квалификациски меча се повикани, голмани: Борко Ристовски (Бенфика, Португалија), Никола Митревски (Констанца, Романија), Мартин Томовски (Металург). Крила: Дејан Манасков (Веспрем, Унгарија), Бојан Маџовски (Металург), Димитар Димитриоски (Металург), Гоце Георгиевски (ЧСМ Букурешт, Романија), Ненад Костески (Струга).
Бекови: Филип Талески (Рајн Некар, Германија), Филип Кузмановски (Еурофарм Работник), Мартин Манасков (Пролет), Марио Танкоски (Металург), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Кирил Лазаров (Нант, Франција), Томислав Јагуриновски (Металург), Мартин Серафимов (Металург), Велко Маркоски (Констанца, Романија), Милорад Кукоски (Еурофарм Работник). Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Еурофарм Работник), Жарко Пешевски (Мотор, Украина), Филип Арсеновски (Металург).