Селекторот на нашите ракометари, Данило Брестовац, по тешкиот пораз од домаќинот Египет вели дека неговите избраници не биле доволно подготвени за првите две кола на Мундијалот.
„Имавме малку време за подготовка. Двата пораза треба да ни послужат како лекција. Физички не бевме на посакуваното ниво“ – потенцираше Брестовац кој очекува победа во последното коло против Чиле и пласман во втората фаза.
„Имаме две победи против Чиле, верувам дека ќе бидеме многу подобри од претходните два меча и дека извлековме поука“ – нагласи нашиот селектор.

