Селекторот на нашите најдобри ракометари, Данило Брестовац, кој се соочува со отсутвото на младите Танкоски, Поповски и Велковски кои се позитивни на ковид-19, верува дека ќе славиме на утрешниот меч со Финска.
„Се уште имаме квалитетен тим. Верувам дека можеме да победиме иако Финците бележат континуиран развој како на клупски така и на репрезентативен план“ – вели Брестовац пред утрешниот меч во СЦ „Борис Трајковски“ кој ќе започне во 20.00 часот.
Според последните најави, Велко Марковски, ги чека резултатите од тестирањето за ковид-19 и доколку тие се негативни, ќе може да се приклучи во репрезентацијата.

