Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Данило Брестовац, вели дека лошиот почеток на вториот дел кумуваше на денешниот пораз од Чешка во второто коло во Групата „Б“ на ЕП.
„Тие ни направија серија од 5-1. Имавме шанси и ги промашивме, тие дадоа од тешки позиции и тоа е тоа. Треба да бидеме разочарани. Јас се уште тврдам дека сме подобри од Чешка, но, денеска не бевме на посакуваното ниво“ – вели нашиот селектор Брестовац.
„Чесите влегоа во ритам, погодија тешки шутеви преку десниот бек. Се вративме, дадовме се од себе, но, за жал, не успеавме да стигнеме до посакуваната победа„ – нагласи Брестовац. Тој напомена дека голманите не биле проблем бидејќи во првото полувреме примивме само девет голови.