Тренерот на ракометарите на Металург, Данило Брестовац, по вчерашниот минимален пораз на гостувањето кај Војводина во рамките на СЕХА лигата, изјави, дека домаќините играле премногу грубо.
„Верувам дека натпреварот во одредени моменти беше премногу груб. Противникот играше агресивно во обидот да го компензира отсусутвото на пет повредени играчи“ – објасни како размислува Брестовац. Играчот, Александар Шпенде, го дели мислењето на неговиот тренер.
„Војводина беше многу агресивна во одбраната и ние не можевме да одговориме на тоа. Постигнавме 30 гола, но, на крајот сепак загубивме. Треба да поработиме на офанзивниот и на дефанзивниот дел од нашата игра“ – изјави интернационалецот од Словенија.

