Тренерот на ракометарите на Металург, данило Брестовац, по вчерашната победа против Војводина со 39 спрема 20 со што неговито тим ја заврши сезоната во СЕХА конкуренција, вели дека мечот бил добро загревање за тоа што доаѓа во домашниот шампионат.
Гостите од Србија дојдоа со речиси млaдински состав со што Металурзите и немаа вистински противник пред нив и сосема заслужено направија рекордна победа во регионалната конкуренција.Затоа Брестовац не сакаше да го коментира мечот.
„Не би сакал да навлегувам во некоја анализа на бидејќи тие не допатуваа во најсилниот состав. Ме радува што се врати Шпенде, помладите ракометари добија шанса. Знам дека тимот има голем потенцијал“ – нагласи тренерот на екипата од Автокоманда.