Селекторот на Македонската ракометна сениорска репрезентација Данило Брестовац денес го објави поширокиот список за претстојните квалификациски натпревари за следното Европско првенство во 2022 година, против репрезентациите на Финска и Швајцарија.
Во списокот на нашиот селектор се најдоа 35 ракометари, многумина од нив се познати имиња, но има и голем број на нови имиња на ракометари кои доаѓаат од екипи како што се Тинекс Пролет,Работнички и Еурофарм Пелистер 2.
Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 04.11.2020 (среда) против репрезентацијата на Финска.
Вториот натпревар против селекцијата на Швајцарија ќе се одигра во градот Цуг, Швајцарија со почеток во 18:30 часот на ден 07.11.2020 (сабота).


