Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Данило Брестовац, по елиминацијата од ЕП, нагласи, дека треба да помине подолг период пред да се формира победничка селекција која ќе може да ја радува јавноста.
„Долг е патот ако сакаме репрезентација која ќе носи нови успеси. Дали тоа ќе биде без мене или со мене, има многу работа пред сите. Вината за поразот ја гледам во нашиот напад“ – потенцираше Брестовац.
„Реалноста е дека имаме повеќе млади ракометари кои треба да добијат поддршка во иднина. Мислам дека еден ден тие ќе бидат со значајна улога на големите натпреварувања„ – потенцираше нашиот селектор.