Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 16 години која го освои 3. место и бронзениот медал на Б-ЕП во Босна и Херцеговина, денеска беше на прием во Македонската кошаркарска федерција. Претседателот Петар Наумоски им честиташе на младите надежи и им се заблагодари за посветеноста со која настапуваа за националниот тим.
Селекторот на репрезентацијата, Александар Јованчев, истакна дека е благодарен на Федерацијата која две и пол години му даде простор да работи со оваа генерација. На приемот еден од бронзените медали заврши и на градите на Наумоски.