Експертот за НБА, Крис Брусард, објасни дека кошаркарот, Ентони Едвардс, нема искуство да го води тимот до титула иако Минесота две години по ред е дел од конференциското финале.
„Едвардс е сè уште премногу млад и незрел. Тоа не е потценување бидејќи никогаш не постоел играч на 23 години или помлад во историјата на НБА кој го водел тимот до титула без помош на сегашен или иден член на Куќата на славните“ – рече Брусард.
„Коби го имаше Шек, Меџик го имаше Карим а Бирд го имаше Арчибалд“ – беа зборовите на Брусард.

