Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Бутел го промовираше Лазе Мајнов како нов извршен директор на клубот
    Ракомет

    Бутел го промовираше Лазе Мајнов како нов извршен директор на клубот

    risteBy riste09/03/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тимот на Бутел Скопје денеска го промовираше новото име во Управниот Одбор на клубот, кој истовремено ќе биде и Извршен директор, Лазо Мајнов.

    Некогашниот македонски репрезентативец, кој сега има 41 година, заврши со активното играње ракомет во 2018 година во Ал-Наср од Дубаи. Зад себе десниот бек има богата кариера и ги носеше дресовите на романскиот Одорхеи, норвешкиот Елверум, белорускиот Мешков Брест, францускиот Трембле, хрватскиот Загреб, а на домашна сцена играше за Вардар, Металург и Еурофарм Работник.

    „Сакам да се заблагодарам на управата на клубот за довербата која ми ја дадоа да бидам извршен директор на Бутел Скопје. Драго ми е што после пауза од четири години се враќа во ракометот во друга функција и тоа во клубот во кој ги имав првите чекори во ракометот. Ќе се залагаме во општина Бутел да отвориме школи во секое училиште за да го подигнеме ракометот со млади и нови таленти“, изјави Мајнов.

    Претседателот Влатко Тасевски го објасни ангажманот на некогашниот десен бек.

    „Целта на ангжманот на Мајнов ни е да ја зголемиме управувачката структура во клубот, со цел подобри резултати, подобри услови и популаризација на ракометот на територија на општина Бутел. Планот ни е да отвориме школи за младински категории во три населби – Бутел, Радишани и Визбегово. Како клуб којшто се грижи за иднината на младите, преку ракометот тие ќе имаат можност да развијат физички вештини, да вежбаат, да се дружат, да се забавуваат, да научат што е тимска работа, да научат да играат фер и да ја подобрат својата самодоверба. Во однос на првата екипа, плановите се место во ТОП 3 во Суперлигата и чекор напред на европска сцена“, изјави претседателот Влатко Тасевски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Португалија пресилна за Македонија и по втор пат

    12/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“
    • Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“
    • Саинц го коментираше успехот на Ред Бул
    • Лукаку: можеме и подобро
    • Еспаргаро е хоспитализиран
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.