Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за првото квалификациско коло во Лигата на Европа во кое нашава земја ќе има две екипи.
Натпреварите меѓу Бутел Скопје и Ѓенѓеш ќе се одиграа на 28 август (19:00) и на 29 август (18:00) во Унгарија а ќе ги судат Чесите Лукаш Фришер и Михаел Харамул.
На првата средба меѓу Металург и Спачва во Автокоманда, која ќе се игра на 29 август од 19:00 часот, арбитри ќе бидат Арсин и Ердоан Витаку додека на реваншот во Винковци на 5 септември од 19:30 часот, правдата ќе ја делат Романците, Дору Манеа и Раду Илиески.