Голманот на Нексе, Морено Цар, со неговите 16 одбрани беше главен креатор на вчерашната победа против Вардар во ракометната СЕХА лигата.
Мечот одигран во Хрватска немаше натпреварувачко значење бидејќи и двата тима од претходно обезбедија место на завршниот фајнал-фор турнир.
„Ние игравме добро во нападот и одбраната. Среќни сме поради големата победа против Вардар и мора така да продолжиме“ – изјави Цар.