Ракометарите на Целје Пивоварна Лашко се освојувачи на 3. место во регионалната СЕХА лига оваа сезона. Во малото финале во СЦ „Јане Сандански“, словенечките ракометари со одлична игра во вториот дел успеаја да го добијат мечот против екипата на Мешков Брест со 28-31 (14-15).
Одлична партија кај Словенците имаше голманот Урбан Лесјак кој со 13 интервенции го поведе Целје Пивоварна Лашко до значајна победа и трето место во регионалното натпреварување.
Најефикасни поединци кај победниците беа Млакар со 7 и Макуч и Мачковшек со по 5 гола. Кај Мешков Б. Шумак и Хорак завршија со по 5 гола.