Машката ракометна репрезентација на Македонија утре ќе игра против Австрија, а потоа со Катар и Франција во главната рунда на СП во Хрватска, Данска и Норвешка.
Тоа е добрата вест за нашите навивачи, но лошата е тоа што влезниците за овие натпревари ќе бидат уште повисоки во однос на тие што беа до сега. Билети за натпреварите во „Арена Вараждин“ се уште има, но цените се дупло повисоки во споредба со оние од групната фаза каде што беа 50 евра за дневна влезница (следење на два натпревари).
Најефтините билети се 80 евра, а во зависност од местото на седење во салата, има од 100 и од 300 евра.

Македонија утре игра против Австрија од 15:30 часот, в четврток против Катар во истиот термин, додека средбата со Франција е в сабота од 20:30 часот.
Интересно е тоа што влезниците за натпреварите од Президент купот кој се игра во Пореч и каде играат најслабите репрезентации чинат само 5 евра, додека најефтините влезници за втората фаза во Загреб чинат од 40 евра до 80 евра , во зависност од денот.

Уште еден предизвик за нашите навивачи да издвојат солидна сума од својот буџет за да ја бодрат репрезентацијата на Македонија во Вараждин.

