Олимпија Милано потврди дека кошаркарот, Мозес Рајт, ќе може да игра за Македонија на дуелот со Австрија на 30 август во претквалификациите за ЕП.
Играчот кој доби македонски пасош во претходната сезона настапуваше за литванскиот Жалгирис кој го обезбеди петтото место во регуларниот дел на Евролигата.
За мечот со Австрија нашиот селектор ќе го има на располагање и Ненад Димитријевиќ кој доби дозвола од Арис.

