Македонската ракометна репрезентација за неколку часа во СЦ „Борис Трајковски“ ја има клучната битка за нов настап на завршницата на едно големо натпреварување. Ремито (24:24) од дуелот во Злин од пред само неколку дена, е добар патоказ за момците на Лазаров на патот кон СП 2023 година.
Гледајќи ги резултатите од меѓусебните пресметки, Чешка никогаш нема славено во Скопје. На последниот бараж дуел, Македонија успеа да ја совлада Чешка со високи 7 гола разлика, со што ја анулира негативата од гостувањето од 6 гола и се пласираше на СП. Чесите во Скопје не загубија само во квалификациите за ЕП 1996 година, која извадија реми, 27:27.
Да се надеваме дека победата и денеска ќе биде за Македонија, особено што мечот ќе има посебна тежина поради тоа што ќе биде последен за капитенот и селектор Кире Лазаров во репрезентативниот дрес.