Тренерот на ракометарите на Вардар 1961, Иван Чупиќ, не ја губи надежта дека може да се оствари поволен резултат во реваншот со Монпелје иако францускиот тим допатува во Скопје со двоцифрена предност.
„Во нашата сала секогаш е тешко да се игра, тоа го знаат сите противници, мора да пробаме да ги надокнадиме тие 10 гола разлика. Може по мечот ќе речете дека сум будала што верувам но, ако моите играчи добијат поддршка како што јас добив против Пик Сегед или Фленсбург, се е можно“ – рече Чупиќ.
Реваншот од Европската Лига меѓу „црвено-црните“ и Монпејле ќе биде одигран утре во СЦ Јане Сандански со почеток во 20.45 часот.

