Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Чупиќ: Заслужено ја вративме титулата во Скопје
    Ракомет

    Чупиќ: Заслужено ја вративме титулата во Скопје

    risteBy riste08/05/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар вчера го совладаа својот голем ривал Еурофарм Пелистер (34:19) и со тоа го потврдија и теоретски освојувањето на шампионската титула во домашниот ракометен шампионат. Тренерот на вардарци, Иван Чупиќ по мечот ја анализираше шампионската сезона.

    „Секогаш може повеќе, но благодарам за честитките. Во ваков амбиент, со главниот ривал, во најголемото македонско дерби да завршиш работа и да освоиш титула, не може да посакавме подобро. Маратонот беше долг, но мислам дека заслужено ја вративме титулата во Скопје. Уште еднаш, благодарност до навивачите, до клубот, до претседателот, до директорите што ми дадоа шанса да бидам тренер во овој голем клуб. Целиот тим направи многу. Исто големо фала на сите играчи што ја вратија титулата, ги донесоа титулите. Благодарност и до Талески, Борозан, Ќосевски, тие беа со нас тука претходно, сега веќе не се, но беа дел од патот до титулата. Се надевам некој не заборавив. Ова е голем ден за сите кои го сакаат Вардар, а за два дена ни следи нов меч, овој пат со Охрид.“, изјави Чупиќ.

    Вардар на крајот од сезоната ги обедини трофеите во Суперлигата и Купот на Македонија, а по три години пауза ја врати титулата во своите витрините. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.