Еден од помладите во нашата ракометна репрезентација, Филип Чурлевски, успеа да го постигне дебитантскиот гол на мечот со Бахреин одигран во рамките на второто коло на Мундијалот во Германија и Данска.
„Треба да ги слушаме советите на селекторот ида играме без страв од противникот. Ние помладите имаме голема помош од поискусните и тоа треба да го искористиме“ – потенцираше Чурлевски кој остави одличен впечаток и на пријателските дуели со Србија в пресрет на светскиот шампионат.
„Се чувствувам феноменално поради постигнатиот гол, се разбира, сакав и повеќе, но, ќе имам уште можности. Сите ќе продолжиме да се бориме. Сега не очекуваат потешки мечеви со европските селекции“ – нагласи нашиот среден бек.

