Хрватска успеа да ја совлада Германија и со тоа да обезбеди пласман во полуфиналето на ЕП, а средниот бек на репрезентацијата на Хрватска, Лука Циндриќ беше пресреќен за победата на неговата репрезентација:
„Игравме доста збунето и конфузно во првиот дел, нивната транзиција ни создаде многу проблеми, но знаевме дека тука не е крајот. На полувреме се договоривме и го испочитувавме тоа во вториот дел. Знаевме дека ќе дојдат нашите пет минути по сите промашени седмерци и ќотекот кој го изедовме во првиот дел. Премногу сум горд на моите соиграчи. Игравме добро, од натпревар во натпревар растеме и има уште многу што да покажеме на ова ЕП. Многу работи ми се вртат низ главата, но сите чувства се прекрасни“, изјави Лука Циндриќ.

