Ракометарите на Хрватска вчера загубија од Унгарија со 29-26 и си ги искомпликува шансите за пласман во наредната фаза на Европското првенство. Средниот бек на „коцкестите“, Лука Циндриќ, вели дека Хрватска заслужува многу повеќе.
„Беше тежок меч како што очекувавме. Унгарија е навистина одлична екипа. Ние се обидивме со брза игра но, тие успешно се враќаа во одбраната и недозволија да примат лесни голови. Немаа ниту многу грешки“ – вели Циндриќ.
„Жал ми е. Мислам дека екипава заслужува повеќе. Сакам да им честитам на момците бидејќи се бореа максимално“ – вели Циндриќ.