Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Црногорецот Игор Марковиќ е нов селектор на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија
    Ракомет

    Црногорецот Игор Марковиќ е нов селектор на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија

    risteBy riste28/07/2026No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека Игор Марковиќ е именуван за нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија.

    Марковиќ е роден на 16 декември 1981 година во Цетиње, Црна Гора. Како играч настапуваше на позицијата лево крило и зад себе има богата и успешна кариера, бранејќи ги боите на РК Ловќен, Будуќност Подгорица, Ал-Курине (Кувајт) и унгарскиот Комлои Бањаш.
    За сениорската репрезентација на Црна Гора настапуваше од 2007 до 2018 година, учествувајќи на Светското првенство во 2013 година и Европското првенство во 2014 година.

    Долги години беше рекордер по бројот на официјални настапи за националниот тим и се вбројува меѓу најдобрите стрелци во историјата на црногорската репрезентација. Воедно, четири години по ред (2010–2013) беше прогласуван за најдобар ракометар на Црна Гора.
    По завршувањето на играчката кариера во 2022 година, Марковиќ целосно се посвети на тренерската работа. Најнапред беше ангажиран во женските младински национални селекции на Црна Гора, каде за краток период изгради репутација на еден од најперспективните млади тренери во регионот.

    Како селектор на женската младинска репрезентација на Црна Гора, во 2023 година го предводеше националниот тим до освоеното 6. место на Европското првенство во Подгорица, резултат со кој беше обезбеден пласман на Светското првенство.
    Во 2024 година ја предводеше репрезентацијата на Светското младинско првенство во Скопје, а истата година направи и значаен исчекор во својата тренерска кариера со ангажман во романскиот гигант Рапид Букурешт, каде беше именуван за помошен тренер и прв асистент на шпанскиот тренер Давид Хинеста Монтес. Во клубот, кој настапува во ЕХФ Лигата на шампионите, Марковиќ работеше со врвни европски ракометарки,стекнувајќи драгоцено меѓународно тренерско искуство.

    Најголемиот успех во својата досегашна селекторска кариера го оствари во 2026 година, кога на Светското првенство за ракометарки до 20 години во Кина ја предводеше Црна Гора до историско 5. место во светот – еден од најзначајните резултати во историјата на црногорскиот женски младински ракомет.

    Неговиот тренерски пристап се темели на дисциплина, посветеност, цврста одбрана, тимски дух и развој на победнички менталитет, квалитети кои му донесоа значајни резултати и меѓународна афирмација.
    Ракометната федерација на Македонија изразува особена чест и задоволство што Игор Марковиќ ќе ја предводи женската сениорска репрезентација на Македонија во претстојниот период.

    Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, изјави:
    „Со големо задоволство го поздравуваме доаѓањето на Игор Марковиќ на селекторската позиција на женската сениорска репрезентација на Македонија. Станува збор за тренер кој зад себе има богато играчко и тренерско искуство, а неговите резултати и професионален пристап се потврда за неговите квалитети.
    Пред нас е исклучително важен период – не очекуваат настапите на Трофеј Македонија, како и подготовките за претстојното Европско првенство. Верувам дека заедно со стручниот штаб и ракометарките ќе изградат силен и конкурентен тим кој достојно ќе ја претставува Македонија на меѓународната сцена.
    На Игор Марковиќ му посакувам успешна работа,среќа и заеднички да се радуваме на нови успеси на женската сениорска репрезентација на Македонија.“
    истакна претседателот Александар Стефанов.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.