Откако стана јасно дека Расел Вестбрук е заразен со коронавирус, се појави информација дека уште една друга голема ѕвезда е позитивна на Ковид 19 и тоа исто така од Хјустон Рокетс. Станува збор за Џејмс Харден.
„Елит Медиа Груп“ објави дека Харден бил позитивен на тестот за коронавирус, повикувајќи се на неименувани извори.
Сè уште не е јасно дали оваа информација е навистина точна, затоа што популарниот „брада“ не ја потврди, за разлика од Вестбрук, кој вчера на Твитер напиша дека е заразен со вирусот и не патувал со своите соиграчи во Орландо, каде се подготвуваат за рестартирањето на сезоната во НБА на крајот на јули.
Харден исто така не отпатува со другите играчи на Хјустон во Орландо. Тој е лидер кај стрелците во целата лига со просек од 34,4 поени по натпревар. Тој исто така има 6,4 асистенции и 7,4 скока по натпревар. Вестбрук, од друга страна, имаше просек од 27,5 поени, 6,3 скока и 8,0 асистенции по натпревар.