Откако вчера Данска и практично стана прв полуфиналист на ЕП селекторот Јакобсен најави дека за последниот меч во групата со Франција најверојатно ќе ги одмора најдобрите.
Нивниот дуел со „триколорите“ ќе биде од клучно значење за Исланѓаните, кои освен што ќе мора да ја победат Црна Гора ќе се надеваат и на победа на Данска за да можат да минат како втор полуфиналист од групата.
„Нашиот фокус е да останеме со свежи играчи за во петок. Тоа е најважната битка за нас сега. Дефинитивно ќе поштедам некои играчи во среда. Прво да видиме кои играчи треба да се одморат, а кому не му треба одмор, па ќе одлучам со кого ќе го почнам мечот“, изјавил данскиот селектор Јакобсен.