Репрезентацијата на Данска е мал фаворит во првото денешно полуфинале на ЕП во Будимпешта. Данците имаат 4 последователни победи над Шпанија во нивните меѓусебни пресметки и се надеваат дека серијата ќе продолжи и денеска во Будимпешта.
Сепак, селекторот на Данска, Николај Јакобсен, вели дека натпреварите не можат да се споредуваат еден со еден.
„Дел од таа статистика е веројатно бескорисна, но дава верба дека можеме да ја победиме Шпанија во решавачките натпревари. Најдовме добар начин да играме, а играчите се сигурни во тоа што го правиме. Шпанија е тим со многу рутина. Играат со поголема брзина особено во напаѓачкиот дел. Дефинитивно ќе биде уште една возбудлива пресметка“, вели Јакобсен.