Селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора ќе и бидат противници на Македонија во групата „А“ во Дебрецин на Европското првенство во 2022 година што ќе биде организирано во Словачка и Унгарија.
Во групата „Б“ (Будимпешта) ќе играат: Португалија, Унгарија, Исланд и Холандија. Групата „Ц“ во Сегед ја сочинуваат: Хравтска, Србија, Франција и Украина. Во групата „Д“ во Братислава денешната ждрепка ги вметна: Германија, Австрија, Белорусија и Полска. Во групата „Е“ во Братислава ќе ги одмеарт силите Шпанија, Шведска, Чешка и БИХ додека групата „Ф“ во Кошице ја сочинуваат: Норвешка, Русија, Словачка и Литванија.
Европското првенство ќе се одржи во Унгарија и Словачка во периодот од 13 до 30 јануари во 2022 година.

