Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави конечниот список на ракометари кои ќе настапат на претстојното ЕП 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка.
Од претходно објавениот список на кој имаше 20 имиња, го нема повредениот Велко Маркоски, а исто така не е се најде и младиот крилен играч Никола Костески. Од овие осумнаесет повикани, двајца ќе мора да отпаднат и да бидат на трибини на натпреварите. Што значи дека ќе чекаат шанса да настапат во зависност од тактиката и заморот кај некој од играчите.
За Македонија ЕП 2020 стартува на 10 јануари со дуел против Украина, а во првата фаза ќе играме уште со Чешка и домаќинот Австрија, на 12 и 14 јануари во Виена.