Легендата на кошаркарскиот состав Сан Антонио Спарс, Тим Данкан, повторно ќе биде дел од неговиот омилен клуб затоа што се договори со Тексашани да стане дел од стручниот штаб.
Тој ќе му биде главен асистент на тренерот, Грег Попович. Тим Данкан кој цели 19 години беше во екипата на Сан Антонио имаше фантастични бројки на теренот.
Тој е рекордер по бројот на поени, скокови и блокади а исто така е единствениот кој учествувал во освојувањето на сите пет НБА-титули во историјата на тимот. Според најавите во стручниот тим на „Спарси“ ќе биде вклучен и Вил Харди.