Денес е последниот ден на СП во ракомет кое се одржува во Египет, а ќе го добиеме одговорот кој ќе биде освојувач на златниот, сребрениот, но и на бронзениот медал.
Единствените непоразени екипи на турнирот ќе играат за светска титула, а тоа се скандинавските гиганти Данска и Шведска. Данците ќе го брани трофејот од пред две години освоен на домашен терен, а Шведска ривал ќе игра за прв успех на светските шампионати по 22 години, кога славеше токму на СП кое се одржа токму на истото место, Египет.
Пред почетокот на СП можебисе очекуваше дека Данска ќе огра во завршницата, но тоа не важеше за Шведска која допатува со многу проблеми и изменет состав. Селекторот Глен Солберг без многу ѕвезди „скрпи“ состав од многу млади играчи, но тие целосно ја оправдаа неговата доверба.
Во финалето за ривал ќе ја имаат Данска предводена од Микел Хансен кој по лошата игра на мечот со Египет беше во свој елемент во полуфиналето против Шпанија и постигна 12 гола за д аја однесе својата селекција во финале. Секогаш дуелите меѓу овие две репрезентации носеле возбудување и неизвесност, па очекуваме така да биде и денес.
Финалето се игра во Каиро со почеток од 17.30 часот, додека за 3-то место Шпанија ќе игра против Франција од 14.30 часот.

