Ракометарите на Данска испишаа историја откако ја освоија третата последователна светска шампионска титула. Тоа е резултат кој досега не успеала да го оствари ниту една репрезентација во историјата на светските првенства.
Серијата ја започнаа во 2019 година во Данска и Германија, две години подоцна победија во Египет, а сега на Светското првенство во Шведска и Полска.
Севкупно, тоа за Данска е седми медал на светските првенства. Покрај три злата, имаат и три сребра и една бронза. Избраниците на Николај Јакобсен до златото стигнаа со осум победи и едно реми, она против Хрватска. Франција остана со шест злата од Мундијалите, на кои додаде второ сребро, а има и четири бронзи.