Данска е освојувач на бронзениот медал на Европското првенство во Унгарија. Иако ослабени со неиграњето на еден од најдобрите играчи на планетата, Микел Хансен, Данците по голема борба и продолженија ја добија Франција со 35:32 (29:29, 13:14) и го освоија бронзениот медал.
Најефикасни во составот на Данска беа Јакоб Холм со 10, Никлас Киркелоке со пет и Расмус Лауге со четири гола. Кај Франција расположени за игра во нападот беа Кантин Мае со осум и Хуго Дескат со седум гола.