Ракометната репрезентација на Данска останува светски шампион, ракоетарите на оваа селекција ја потврдија својата доминација и во вечерашното финале против Хрватска, во кое дојдоа до убедлива победа од 26:32, и со тоа го освоија четвртото злато во низа. Хрватска пак, се чини дека се истроши во полуфиналето со Франција и вечерва немаше сили да ја повтори играта од таа средба и да се спотистави на Данска во текот на целиот натпревар.

Упте од самиот старт на натпреварот Данска дојде до предност која ја имаше во текот на целото прво полувреме кое го зварши во своја полза со 12:16.
Вториот дел започна со одбранет пенал на Грин и два врзани гола на Данците (12:18), а тоа беше сигнал дека Данска тргна кон одбраната на титулата и во една серија на неколку гола дојде до предност од 14:22 во 38 минута од натпреварот. Хрватите до крајот се обидоа да го намалат водството на Данска кое на момент беше и 10 гола разлика, за да стигнат до пристојни -6 односно 26:32.
Најдобри стрелци кај светскиот шампион беа Гидсел со десет и Емил Јакобсен со пет гола, а кај Хрватите најрасположен беше Иван Мартиновиќ со шест гола.

