Данските медиуми најавуваат дека селекторот Николај Јакобсен ќе направи одредени промени во ростерот на својата селекција за последниот дуел од групната фаза против Македонија.
Данска е голем фаворит во дуелот со Македонија, а воедно и еден од фаворитите за златниот медал на ова ЕП, па се надева дека ќе сочува некој од клучните играчи за следните предизвици кои ги очекуваат до крајот на шампионатот. Бидејќи немаат потреба од бодовите од оваа средба, Данската репрезентација со комбиниран состав ќе и се спротистави на младата селекција на Македонија предводена од Кирил Лазаров.
Матиас Гидсел сигурно ќе биде поштеден и нема да настапи, додека Никлас Ландин и Микел Хансен ќе бидат на клупата, но нема да добијат минутажа. На голот ќе биде Кевин Мелер, позицијата на Хансен ќе ја добие Ласе Андерсон, Јакоб Холм ќе го замени Лауге, а без минутажа би требало да остане и Ласе Сван.
Натпреварот Македонија – Данска со кој го завршуваме настапот на ова Европско првенство се игра денес во 20:30 часот.