Нашите најдобри кошаркари на 28 јуни на теренот на Швајцарија, ќе го одиграат последниот меч од првата фаза претквалификации за место на Евро-баскетот во 2021-та година.
Селекторот, Јорданчо Давитков, заедно со стручниот штаб во состав Александар Јончевски и Љупчо Малинков, денеска го објави поширокиот список на кошаркари кои треба да се јават на стратот на подготовките на 11. јуни во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.
На списокот на фигурираат: Војдан и Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ,Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Андреј Маслинко и Александар Штерјов. Македонија со досегашниот ефект си обезбеди место во наредната фаза од квалификациите.