Македонија ќе нема клуб преставник на завршниот турнир од СЕХА-лигата откако Вардар не доби дозвола да патува во Задар поради еден позитивен на Ковид-19, но сепак ќе има Македонец на теренот.
Нашиот репрезентативец Дејан Манасков кој настапува во екипата на Веспрем ќе ја брани честа на Македонија на Ф4 турнирот во Задар.
Во разговор за Спортското радио 90,3 ФМ, Манасков потенцираше дека му е жал што нема да игра Вардар во Задар.
„Навистина ми е жал што се случи ова, Вардар не доби зелено светло да игра во Задар, а толку многу сакав да се видам со моите колеги од репрезентацијата, вчера се слушнав со Столе и Гоце и навистина ми е жал што нема да може да играме овде. Не би навлегувал во одлуката на СЕХА, но навистина е штета што Вардар го нема тука. Ние ќе се обидеме да одиграме во најдобро светло и да ја одбраниме титулата во СЕХА лигата“ рече Манасков низ разговорот за Спортско радио 90,3 ФМ.

