Кошаркарот на Далас, Ентони Дејвис, кој беше дел од размената со Лејкерси за Лука Дончиќ, заработил повреда и ќе мора да паузира извесен период.
Медиумите во САД наведуваат дека можеби ќе треба да оди на операција. Дејвис претходно имаше неколку повреди и мораше да пропушти повеќе од 100 натпревари во три сезони од 2020 до 2023 година.
Доколку Дејвис замине на операција, тоа може да значи крај на сезоната. Тој во дебито за Далас постигна 26 поени, 16 скока, седум асистенции и три блокади.

