Кошаркарот, Ентони Дејвис, останува на ставот дека нема да го продолжи договорот со екипата на Њу Ореланс, потврди и неговиот агент задолжен за трансфери, Рич Пол.
„Ентони сака да игра за тим со шампионски амбици. Тој е чесен во намерите и тоа јасно го кажа пред одговорните во клубот. Мислам дека треба да му дозволат да си замине бидејќи тоа е најдобрата опција за двете страни“ – изјави Пол.
Дваесет и пет годишниот Дејвис во тековнава сезона во НБА конкуренцијата има во просек по 29,3 поени, 13,3 скокови и 4 асистенции