Ракометарите на Вардар синоќа со победа го потврдија петтото место во групната фаза од ЛШ. Тренер Давид Дејвис од своето доаѓање на клупата на македонскиот првак нема пораз во Лигата на шампиони. По мечот, тој го искажа своетоз адоволство од победата.
„Честитики до ривалите за добрата сезона, како и до моите играчи. Задоволен сум од трите победи во низа, работевме многу. Сакав тимот да победи иако веќе го имавме обезбедено петото место. Моравме да се адаптираме, ја сменивме одбраната кога имавме негатива од три гола. Томовски беше одличен во завршницата и крилата пресекоа многу топки, сите покажаа желба за победа. Ако сакаме да направиме нешто во ЛШ, не смееме да играме со ниска концентрација во било кој натпревар“, изјави Дејвис.