Денеска во Битола, треба да го добиеме одговорот на прашањето кој ќе биде новиот ракометен шампион на Македонија. Вардар на гостувањето кај Еурофарм Пелистер ќе ја брани титулата, а домашните се надеваат дека, конечно, ќе ги симнат „црвено-црните“ од тронот.
Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде преполна, билетите се распродадоа за само 17 минути од пуштањето во продажба и тоа е најава за одлична атмосфера.
На врвот на табелата Вардар и Еурофарм Пелистер се израмнети со по 33 бода, а Алкалоид има шест помалку. Алкалоид од 18 часот денекса гостува кај Бутел во вториот меч од ова 12 коло во домашниот плеј-оф.