Денес е нов слободен ден за ракометната репрезентација на Македонија на ЕП во Унгарија и Словачка. По вчерашната лоша игра и поразот од Црна Гора, Македонија ги загуби шансите за пласман бво главната фаза на ЕП, а реално и ќе заврши на последното место во Групата А на ова ЕП.
Во секој случај утре не очекува натпревар против Данска која игра одличен ракомет на ова ЕП, а тоа го покажа на двата натпревари со Црна Гора и Словенија каде забележа лесни и убедливи победи.
За селекторот Кире Лазаров ќе биде голем предизвик, но и проблем да и се спротивстави на силната селекција на Данска, сега кога и тој самиот не е во игра, а недостасуваат уште неколку ракометари кои беа дел од онаа средба во Скопје кога ја изненадивме Данска во квалификациите.
По вчерашниот натпревар Лазаров рече дека оваа средба треба да послужи младите играчи да добијат искуство, а тој самиот да види кој може колку може да ги исполни задачите. Денешниот слободен ден ќе помине со анализа на противникот, подготовка на екипата и одработивање на еден тренинг во попладневниот термин.

