Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Денес е завршница на ЕП во ракомет, Шпанија и Шведска се борат за титулата
    Ракомет

    Денес е завршница на ЕП во ракомет, Шпанија и Шведска се борат за титулата

    risteBy riste30/01/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Останаа да се одиграат уште два натпревари, односно уште борбата за медалите на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Досега беа одиграни навистина интересни натпревари кои долго ќе се паметат кај љубителите на ракометот, но исто така не очекуваат интересни натпревари во борбата за третото место и на финалниот меч за титулата.

    Селекциите на Шпанија и Шведска ќе ја спуштат завесата на Европското првенство. Двете селекции во Будимпешта ќе се сретнат по вторпат на овој шампионат, затоа што најнапред одиграа меч во првата групна фаза. Тогаш „фуријата“ славеше рутинска победа, но сега иако е фаворит никој не очекува дека ќе биде тоа лесен меч за Шпанија. Шведска пак е во позиција да го брани рекордот на своите претходници. Шпанија има можност да направи нешто што ѝ успеа само на шведската генерација од 90-тите – да освои три последователни ЕП. Затоа ракометарите на Шведска се дополнително мотивирани за овој дуел, и посакуваат да ја повторат фантастичната игра како со Франција, кога имаа контрола на натпреварот и дојдоеа до победа.

    Фаворит на хартија е Шпанија, но според играта на Шведска не може да се каже дека се ќе биде така лесно и секако не очекува интересен и неизвесен финален натпревар. Големото финале се игра од 18:00 часот, а претеходно Данска и Франција повторно ќе играат на ова ЕП, но овој пат за бронзениот медал на шампионатот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Вардар не го дава врвот, славеше убедливо против Еурофарм Пелистер

    26/03/2023

    Кизиќ: Оваа победа ќе биде стимул за следни предизвици

    15/03/2023

    Јовиќ пред Нексе: Од играчите ќе барам лавoвска борбеност

    13/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Хакан Чалханоглу пред потпишување на нов договор со Интер
    • Познато е колку ќе добие Конте по отказот од Тотенхем
    • Жиру го надмина Турам и сега е највозрасниот фудбалер со настап за Франција
    • Челзи и Тотенхем го сакаат Нагелсман на својата клупа
    • Букајо Сака пред нов договор со Арсенал, ќе добие 4 пати поголема плата !
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.