Денешниот ден на ЕП ќе ни донесе само четири натпревари и тоа во Групите Б и Д кои се играат во Будимпешта и Братислава.
Во групата Б од 18 часот во Будимпешта домашната репрезентација на Унгарија ќе игра против Португалија и со победа ќе сеобиде да ги задржи шансите за пласман во главната фаза. Двете репрезентации беа поразени во првото коло.
Во вториот натпревар од 20.30 часот Исланд ќе игра против Холандија,ова е дуел на две екипи кои имаат поедна победа и селекцијата која ќе победи на оваа средба ќе има обезбеден пласман во следната фаза.
Групата Д која се игра во Братислава ни носи исто така два интересни натпревари, Германија игра против Австрија од 18 часот, додека од 20.30 часот Полска игра со Белорусија. Германија и Полска со победи ќе си обезбедат пласман во главна фаза, а во последното коло би решавале за првата позиција на табелата.