Ден за одлука за финале. На третиот ден од 51. издание на традиционалниот Струшки ракометен турнир ќе бидат одиграни два натпревари, по еден од двете групи кои директно одлучуваат за годинешните финалисти.
Со почеток од 18:30 часот ќе играат Вардар и Гуиф, а од 20.30 следува дуелот на македонскиот вицепрвак Алкалоид, кој по победат над Динамо Панчево, ќе ги одмери силите со грчкиот шампион АЕК Атина во битка за финалето.
По првите два дена стана јасно дека Струга и Динамо Панчево ќе се борат за 5. позиција на турнирот во Струга.

